почетна

колектори

галванизација

термичка обр.

контакт

 

             

претходна ]

 

Технологија

 

    Превлаките се нанесуваат во најсовремена PVD вакуумска комора а се состојат од композити на Титан и други метални и гасни јони. Превлаките имаат висок коефециент на апсорпција, мал коефициент на емисија и рефлексија, висока термичка и корозивна стабилност.

    Со нашата опрема ние можеме да произведуваме PVD селективни превлаки врз една или двете страни на апсорберот како на flate plate апсорберите така и на апсорберите за CPC колектори со максимална стабилност на високи температури.
 

Solar Tubes располага со најсовремена ултразвучна машина за ултразвучно заварување на:

  • бакарни крилца со селективна превлака со бакарна цевка

  • алуминиумски крилца со селективна превлака со бакарна цевка

  • алуминиумски крилца со селективна превлака со алуминиумска цевка

  • алуминиумски или бакарни крилца со селективна превлака ултразвучно заварени со собирни бакарни или алуминиумски цевки

Со овие постапки Solar Tubes има можности да произведува како бакарни flat-plate колектори така и алуминиумски flat-plate колектори и комбинација на алуминиумски -бакарни flat-plate колектори.

Solar Tubes произведува како стандардни flat-plate колектори така и flat-plate колектори со оригинални конструкции на апсорберите со што се зголемува коефициентот на ефикасност на колекторот.

За вакуумските колектори кои што се наведени во производниот асортиман Solar Tubes користи неколку типови на U-type апсорбери каде преносот на топлината од површината на селективната превлака на вакуумската цевка до медиумот кој циркулира во вакуумската цевка е со многу висок коефициент на пренос на топлина со што додатно се зголемува коефициентот на ефикасност на вакуумските цевки.

 

 

Ултразвучно заварување на бакарна цевка со бакарна фолија

     

 

Ултразвучно заварување на бакарна фолија со собирна бакарна цевка Ф22 мм.

     

 

Ребрење на апсорберите

     

 

Апсорбери од екструдиран алуминиум

     

 

Нанесување на селективни превлаки

     

 

Нанесување на селективни превлаки

 

 

 

© Copyright Solar Tubes 2010